Утрински Весник
Свет

Објавени проекции: Ако нема миграција, ЕУ би имала под 300 милиони жители во 2100 година

Eu 1.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Европската Унија има вкупно население од 453 милиони, а без миграција би можела да има 294 милиони во 2100 година, додека со миграција населението би броело 419 милиони.

Порано минатата година беа објавени две карти што ја покажуваат проценетата популација на различни европски земји во 2100 година – едната карта ја покажува популацијата доколку се воведе политика без миграција, додека другата ја покажува популацијата доколку се задржат сегашните стапки на имиграција, пишува „ Вечерњи лист“.

Мапите беа објавени од веб-страницата „Гео универзум“, користејќи податоци од Евростат.

На пример, Обединетото Кралство, кое повеќе не е членка на Европската Унија, би можело да ја престигне Германија и да стане најнаселена земја во Европа.

Се наведува дека Хрватска моментално има 3,8 милиони жители, но дека во 2100 година ќе има 2,279 милиони, додека со миграцијата ќе има 2,822 милиони.

Италија има население од 58 милиони, а без миграција би можела да падне на 28 милиони, додека со миграција би имала 50 милиони.

Словенија која сега има население од 2,1 милиони, без миграција би можело да падне на 1,37 милиони, а со миграција на 1,95 милиони.

Можете да прочитате

Мадуро заробен и изнесен од државата, соопшти Трамп

Четири лица загинале во хеликоптерска несреќа во Аризона

Мадуро прогласи „состојба на надворешна закана на целата територија“