Утрински Весник
Македонија

Објавена снимка од дивеењето во скопски Капиштец – граѓаните преплашени постојано испраќаат слични снимки до општината

Screenshot 20240711 152539 Gallery.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Хулиганство и дивеење на група млади луѓе во игралиштата наменети за деца во доцните ноќни часови е сликата во скопски Капиштец. Од снимките кои преплашени граѓани ги испраќаат до општина Центар се гледа загрижувачко однесување на младите. Снимките покажуваат сцени од вандализам и тероризирање на јавниот простор кој е наменет за најмалите. Во една прилика од видеото може да се види како младо момче се обидува да ги сече реквизитите со моторна пила.

Она што е уште пострашно е што ваквите дивеења во ноќните часови станаа многу чести, имено минатата недела беше обиен и ограбен комуналниот пункт на Општина Центар во Капиштец од каде беа украдени алатите и опремата којашто ја користат хигиеничарите.

Градоначалникот Горан Герасимовски во многу наврати досега информираше за дивеење и уништување на детските игралишта и урбаната опрема во општината. Општинските служби речиси секојдневно наоѓаат искршени клупи, канти, канделабри, дел од детски реквизити, огради и затекнуваат пешачки патеки полни со ѓубре и искршени стакла. Сите овие случаи како и видео снимките Општината ги достави до надлежните институции.

Можете да прочитате

Тошковски: ,,Безбеден град” ќе има отстапки како кај полициските радари

Магла на повеќе патни правци

МВР со засилување – 120 млади полицајци започнуваат со работа во Скопје