Мараја Кери доби стрип кој го раскажува нејзиниот живот и кариера, објави „Тајделвејв комикс“.
Стрипот посветен на американската пејачка и актерка е дел од серијалот Female Force („Женска моќ“), во кој се прикажуваат кариерите на многу успешни жени во својата дејност.
На 22 страници, стрипот ја раскажува приказната за детството на Мараја и нејзиниот пат до славата. Издавачот Дарен Г. Дејвис објасни зошто стрипот за неа е објавен токму сега.
„Нејзината приказна инспирира и затоа претпразничниот период е вистинско време да се најде во продавниците стрип посветен на кралицата на Божик, чиј хит од 1994 година, All I Want for Christmas Is You, веќе 25 години редовно се емитува на радио станиците и на адвентите.“
Во серијалот „Женска моќ“, суперѕвездите на кантри музиката Доли Партон и Лорета Лин и пејачките Барбара Стрејсенд и Стиви Никс добија свои стрипови.
Стрипот за Мараја Кери со тврда или мека корица е достапен од среда, 7 декември.