Утрински Весник
Скопје

Објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје – Европска престолнина на културата 2028″

Photo 2026 02 02 12 14 41.jpg

Соопштение на Град Скопје:

Почитувани,

Скопје 2028 не се гради само со визија, туку со работа, огромна посветеност и доверба. 

Токму затоа, Градот Скопје го објави првиот јавен повик за финансирање на културно-уметнички проекти во рамки на програмата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028″.

Со отворањето на овој конкурс, Скопје влегува во нова фаза во која идеите треба да прераснат во реални, одржливи и европски релевантни културни проекти. 

Проекти кои нема да живеат само една година, туку ќе остават трајна вредност во градот, во заедниците и во целокупниот културен екосистем.

За таа цел, бараме проекти со:

– силен концепт и јасна европска димензија

– општествена и културна вредност

– професионална реализација

– подготвеност за работа во комплексен и динамичен процес

Првата фаза на селекција на аплицираните проекти ќе ја спроведе независното тело Скопје 2028, врз основа на формалните и квалитативните критериуми утврдени во јавниот повик.

Втората фаза на селекција ќе ја спроведе Главното жири, составено од двајца домашни експерти, уметничкиот раководител, како и два меѓународни експерти од Европската Унија, согласно добиените стручни насоки, добиени по консултација со администрацијата во Брисел.

Европска престолнина на културата не е сцена за импровизација.

Тоа е заедничка обврска кон Европа, дека знаеме да создаваме, да управуваме и да реализираме врвни културни програми.

Доколку сте културна институција, организација, уметник, креативен колектив или професионалец кој верува во силата на културата да ги менува градовите, ова е вашиот момент!

Проектите избрани преку овој меѓународен конкурс ќе станат дел од официјалната програма на „Скопје 2028″ и ќе се реализираат низ целиот град и во сите десет општини, како во институционалните простори, така и на јавни локации. Ова е еден од неколкуте повици кои ќе бидат објавени во иднина.

Аплицирајте тука:

Можете да прочитате

Кисела Вода започнува акција за отстранување на хаварисани возила

Во Скопската Зоолошка градина одбележан Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Потпишан договор за изградба на нова поликлиника во Бутел