Апелациониот суд на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) ги објави причините поради кои Јувентус доби казна од 15 поени во случајот со лажно пријавување на вредноста на трансферите.
„Бјанконерите“ беа казнети, а повеќе нивни сегашни и поранешни директори добија суспензии за вештачко зголемување на вредноста на трансферите на фудбалерите, за така да можат да пријават поголем приход. Јуве беа прво ослободени во спортскиот случај, пред обвинителот на ФИГЦ да побара второ судење по појавувањето на нови документи од страна на Јавното обвинителство.
„Клубот направил спортски дисциплински прекршок, а казната е таква поради сериозноста и долготрајноста на тие прекршоци. Доказот за вина е осигуран преку документација на клупските директори, сведочењето на играчите и од дополнителни докази кои покажуваат прикривање и манипулација на потврдите од клубот“, се вели во одлуката на ФИГЦ.
Сега, Јувентус ќе можат да се жалат на одлуката пред Италијанскиот олимписки комитет (ЦОНИ), но им се заканува и дополнителна казна од Јавниот обвинител во Торино.
Juventus, le motivazioni della sentenza sulle plusvalenze: “Illecito grave, ripetuto e prolungato” https://t.co/OUSi1pEdJD
— TUTTOmercatoWEB (@TuttoMercatoWeb) January 30, 2023