Утрински Весник
Македонија

ОЈО со детали за двојното убиство во Стајковци

Police Car Of Macedonia 07.jpg

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со инспектори и увидна екипа на МВР и тим од обдуценти од Институтот за судска медицина, извршија увид на лице место во семејна куќа во селото Стајковци каде попладнево едно лице ги лишило од живот сопствениот брат и сопругата на другиот брат, кој претходно бил починат, соопштуваат од Јавното обвинителство.

„Причините се утврдуваат. Сторителот е идентификуван и обезбеден. Тој е хоспитализиран со повреди. Обезбедени се траги на лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, а по наредба на јавниот обвинител телата на починатите ќе бидат дадени на обдукција“ се наведува во соопштението од ОЈО

Можете да прочитате

Циклон и јужно струење нa кратко носат топло време, дожд, грмежи и ветер

Без струја, греење и топла вода: Студентите во „Никола Карев“ 12 часа во мрак

Забрана за користење вода во Струга