Утрински Весник
Македонија

ОЈО се жали на пресудата за Груевски за Талир 2

607210260 1431244648364795 4652656454708123218 n.jpg

Од ОЈО велат дека за случајот „Талир 2“, надлежен јавен обвинител ја прими првостепената пресуда и вложи жалба. 

Основниот Кривичен суд Скопје минатиот месец го ослободи од обвинение поранешниот премиер Никола Груевски за случајот „Талир 2″, за пречекорување на службени овластувања и противправно финансирање на изградбата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. 

Судијката Даниела Алексовска, во објава на пресудата изјави дека за овој случај треба да се имаат предвид измените на КЗ од 2023, а со кои настапи и измена на обвинението. Во април годинава, предметот „Талир 2“ го презема обвинителот Кристијан Смилевски од ОЈО Скопје, откако обвинителката Ленче Ристовска си поднесе оставка.

Можете да прочитате

Пет илјади евра казна за Мерко за незаконско поставување спомен обележје на влезот на општинската зграда

Август 2026 екстремно топол и со 67 отсто помалку врнежи од просекот

Ешалонот од национални воени претставници при Врховниот штаб на Сојузничките сили во Европа во посета на Армијата