Утрински Весник
Македонија

ОЈО отвори предмет за случајот со „извоз на мозоци“ во САД

Obvinitelstvo 1.jpeg

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, врз основа на повеќе објавени информации во медиумите, оформи предмет по допрен глас поради наводите од објавените документи во случајот за Џефри Епштајн кои упатуваат дека примероци од мозоци на починати лица од земјава наводно биле транспортирани за научно-истражувачки цели во САД.

„Имајќи ја во вид природата на наводите, кои вклучуваат обработка, замрзнување и меѓународен транспорт на човечки ткива, како и евентуални прашања за усогласеноста со законските и етичките стандарди за експерименти со човечки ткива и примероци, Јавното обвинителство оформи предмет со цел да ги испита сите индиции за евентуално постоење на елементи на кривично дело кое се гони по службена должност.

Предметот е доставен на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кое треба да преземе дејствија на прибирање официјални информации од надлежните органи, институции и здравствени установи, во насока на утврдување на евентуално нелегално постапување со човечки ткива и биоматеријали, пропусти или злоупотреби при добивање дозволи и согласности“, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

СДСМ му оддаде почит на македонскиот великан Гоце Делчев

Мицкоски: Културата е наш приоритет, оваа година имаме зголемен буџет за половина милијарда денари

Филипче: Пораките на Делчев се потсетник дека Македонија мора да да се движи кон напредок, а не кон изолација