Утрински Весник
Македонија

ОЈО: Нема наредба за приведување или итен распит во случајот од Демир Хисар

Img 3668.png

Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по наредба на Основното јавно обвинителство Битола, изврши претрес на три локации – службените простории на едно училиште, како и домот и автомобилот на пријавено лице, поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги.

Од ОЈО Битола потврдуваат дека барањето за претрес било прифатено од Основниот суд во Битола, кој издал наредба со цел обезбедување докази поврзани со случајот. Претресите биле спроведени вчера, но засега до обвинителството не е доставено официјално писмено известување за евентуално пронајдени и одземени предмети.


Обвинителството нагласува дека во постапката целосно е испочитувана законската процедура за издавање наредба за претрес и дека спроведувањето на наредбата е исклучиво во надлежност на полицијата. Во конкретниот случај, не е издадена наредба за приведување или итен распит на лице.

Можете да прочитате

Утре напладне 370 камиони ќе ги блокираат сите гранични премини

Малолетник со автомобил удри паркирано возило и тешко повреди пешак

Малолетник со возило удрил во автомобил и пешак кој се бори за живот