Утрински Весник
Магазин

Џо Манганиело поднел барање за развод од Софија Вергара поради непомирливи разлики

Џо Манганиело поднел барање за развод од Софија Вергара поради непомирливи разлики

Џо Манганиело и официјално поднесе барање за развод од Софија Вергара, наведувајќи непомирливи разлики како причина.

dobivaj vesti na viber

Софија и Џо, кои оваа недела потврдија дека се разведуваат по седум години брак, имаат предбрачен договор кој гарантира дека ќе го задржат имотот што го стекнале за време на траењето на брачната заедница.

Како што пренесува „ТМЗ“, адвокатката на Џо, Лора Васер, ги поднела документите за развод во средата (19 јули), а како датум на разделба наведен е 2 јули.

Извори за веб-страницата изјавија дека Софија нема да се спротивстави и нема да го оспори предбрачниот договор. Ѕвездата на „Магичен Мајк“ и судијката на „Америка има талент“ се подготвени да ги платат своите правни трошоци.

Некои таблоиди шпекулираат дека поранешната двојка имала различни мислења за раѓањето деца. Актерот од „Магичен Мајк“, наводно, сакал деца со актерката, која веќе е мајка на 31-годишниот син Маноло Гонзалес Вергара.

Софија и Џо – кои се венчаа на раскошна церемонија на Палм Бич во ноември 2015 година пред 400 гости – оваа недела потврдија дека донеле тешка одлука да се разделат.

„Донесовме тешка одлука да се разведеме. Како двајца луѓе што многу се сакаат и се грижат еден за друг, учтиво молиме да се почитува нашата приватност во овој момент додека поминуваме низ оваа нова фаза од нашиот живот,“ вели поранешниот пар во заедничка изјава.

Веста дојде откако Вергара беше забележана како го прославува својот 51. роденден во Италија без Манганиело и без венчалниот прстен.

Американските таблоиди цитираа извор кој откри дека Софија и Џо веќе некое време се оддалечуваат еден од друг за да размислат за својата иднина.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста