Утрински Весник
Македонија

ЈО ќе испитува зошто се затворени хируршките сали на Клинички центар

Klinichki.jpg

Откако повеќе од една недела се затворени хируршките сали на Клинички центар „Мајка Тереза“, ситуацијата ќе ја испитува јавен обвинител.

Се уште нема став од Mинистерството за здравство за овој проблем. За денеска е закажана прес-конференција на министерот Илир Демири, но без најава на која тема.

Од ОЈО Скопје информираа дека Министерството за здравство пратило известување до Обвинителството за затворените хируршки сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, кое е примено и распоредено кај јавен обвинител. Ќе се преземат дејствија за да се провери дали во настанот воопшто има елементи на кривично дело.

Во исто време, поради ситуацијата со хируршките сали на Клинички центар, во ГОБ „8 Септември“ и Градската општа болница – Хирургија „Св Наум Охридски“, ги прифаќаат итните пациенти не само од Скопје, туку и од другите градови, со што ги одложуваат веќе закажаните операции

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол