Утрински Весник
Македонија

О` Брајан: САД се сојузник, партнер и пријател на Северна Македонија и ќе работат со неа на реформи за постигање евроатлантска интеграција

O Bra An.jpg
Dik 300x250 mk

Џејмс О` Брајан, помошник на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашање го честиташе изборот на првата жена претседател на Северна Македонија Гордана Силјановска- Давкова, во соопштение на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер).

-Честитки до Гордана Силјановска-Давкова, досега првата избрана жена за претседател на Северна Македонија. Како сојузници, партнери и пријатели со Северна Македонија со нетрпение очекуваме да работиме на значајни реформи и заеднички цели на патот кон евроатлантската интеграција, напиша О` Брајан.

Силјановска-Давкова победи во вториот круг на претседателските избори што се одржаа на 8 мај. Истовремено, на парламентарните избори партијата ВМРО-ДПМНЕ освои 58 места во 120-члениот парламент

Победата претходно ја честиташе и американската амбасадорка во Скопје Анџела Агелер.

Можете да прочитате

Средба Мицкоски – Страмер: Разговарано за продлабочување на билатералната соработка

Мицкоски во Лондон се сретна со Пленковиќ и со Одил Рено-Басо

Под истрага 12 лица осомничени за лихварство и перење пари