Утрински Весник
Свет

Џо Бајден ќе присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора

Џо Бајден ќе присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора

Претседателот на САД, Џо Бајден денеска изјави дека ќе присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора.

dobivaj vesti na viber

„Да. Се уште не ги знам деталите, но ќе одам“ – им кажа Бајден на новинарите за време на патувањето за Охајо.

Датумот и деталите за погребот на кралицата не се утврдени, но ќе бидат објавени „во догледно време“, информираат од Бакингемската палата.

Погребот се очекува да се одржи во следните 10 дена во Вестминстерската опатија во центарот на Лондон.

Бајден се сретна со кралицата трипати, последен пат во јуни 2021 година, кога таа им беше домаќин нему и на првата дама во замокот Виндзор за време на нивната посета на Велика Британија.

Претседателот на САД заедно со други светски лидери, на 19 септември е планирано да биде во Њујорк, на почетокот на Генералното собрание на ОН.

Можете да прочитате

Трамп откри повеќе детали за американскиот систем за воздушна одбрана „Златна купола“

Јапонски министер поднесе оставка откако рече дека не купува ориз затоа што го добива бесплатно

Русија распоредува десетици авиони и стотици шатори крај границата со Финска