Утрински Весник
Свет

Oсуден шеф на болница во БиХ кој наместо хируршки маски купил маски за заварување

Oсуден шеф на болница во БиХ кој наместо хируршки маски купил маски за заварување

Директор на болница во БиХ е осуден на десет месеци затвор бидејќи за време на пандемијата предизвикана од коронавирусот набавил несоодветна заштитна опрема за медицинскиот персонал, купувајќи им очила за заштита од заварување наместо медицинска заштита за контакт со заразени пациенти.

dobivaj vesti na viber

Општинскиот суд во Добој го осуди директорот на локалната болница Младен Гајиќ на десет месеци затвор, со оценка дека тоа е соодветна санкција со оглед на тоа што претходно не бил казнет, ​​а во текот на судењето вратил нешто повеќе од 40 илјади евра, за што го оштетил градскиот буџет.

Тој самиот ја призна вината и беше осуден за несовесна работа, а делот од обвинението што го товареше за корупција беше отфрлен.

Обвинението е покренато откако се испостави дека Гајиќ склучил договор за набавка на заштитна опрема за болницата, но и за домот за стари лица, со фирма бизарно наречена „Патување за забава“ и покрај тоа што воопшто не била регистрирана за тргување со медицинска опрема. Станува збор за туристичка агенција од Бања Лука.

Договорот вредел нешто помалку од 140 илјади конвертибилни марки или околу 70 илјади евра. Наместо заштитни одела, во болницата биле доставени костуми без декларација и бараните карактеристики, а наместо професионални заштитни очила пристигнале стакла за заварување.

Сето ова е купено по откупна цена помала од 30 илјади евра. Уапсен е и директорот на туристичката агенција, како и директорот на Институтот за јавно здравје на Република Српска Бранислав Жељковиќ.

Можете да прочитате

Се преврте туристички брод со 53 патници во Виетнам – Досега се потврдени 28 жртви

Mожен е воен конфликт со Русија и Кина во 2027 година, тврди командант на НАТО

Австралија испорача тенкови „Абрамс“ до Украина