Утрински Весник
Македонија

Oсмани: Нема алтернатива за односите со Бугарија и заедничката европска иднина

Oсмани: Нема алтернатива за односите со Бугарија и заедничката европска иднина

Добрите односи со Бугарија и заедничката европска иднина немаат алтернатива. Ова за новинската агенција БГНЕС го изјави македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи.

Прашан што ќе прават властите во Скопје по реафирмираниот став на Бугарија за почеток на преговори за членство во Европската Унија, Османи  изјави дека активно ќе се бара решение во следниот период.

„Како што знаете, Pепублика Северна Македонија беше конструктивната страна во својата проактивност да се најде решение. Во следниот период очекуваме кога ќе се формира владата во Бугарија да се почнат суштински разговори. Сметам дека и во декември има добри шанси да се најде решение, бидејќи ние немаме друга алтернатива освен добрососедски односи со Бугарија. Немаме друга алтернатива освен заедничка европска перспектива. Се надеваме дека оваа политичка стабилност во двете земји ќе вроди со плод“, рече Османи.

За време на редовниот состанок на Советот за општи работи во Брисел, бугарската делегација вчера истакна дека Северна Македонија сè уште не ги исполнува критериумите за одржување на првата меѓувладина конференција.

Можете да прочитате

СДСМ: Без табуа, со знаење – младите заслужуваат предмет каде ќе се учи на промоција на здравје, здравствени навики и сексуално образование

Пациентки на Онкологија останаа без терапија – Клиниката се извини за доцнењето на лекот

Костадинов по кривичната пријава: Сите мои одлуки се законски, имам докази за тоа