Утрински Весник
Македонија

Oнлајн конференција за жени и девојки во технологија и претприемништво

Oнлајн конференција за жени и девојки во технологија и претприемништво
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 14 мај 2020 (МИА) – Зајакнување на улогата на жената во технолошкиот сектор и поттикнување на девојките повеќе да размислуваат за кариера во технологијата преку промовирање на опцијата за образование и кариера во технологија е целта на денешната конференција насловена „Девојки во Технологија“ што ќе се одржи онлајн.

Конференцијата е во организација на Women in Tech Македонија и Импакт Фондација – Скопје, а пријавувањето за учество може да се направи преку веб адресата: https://www.eventbrite.com/e/women-in-tech-webinar-tickets-104482903176?aff=efbeventtix&fbclid=IwAR3XWA5BuEl3T3UzCZAj0Dm6uvgLfZVOm3c3Rv2TcbhV4OOLw7PShVckYZo

-Преку интеракција сакаме да овозможиме простор нашите жени, девојки во технологија, лидери во ИТ индустријата, да разменат мислења, да дискутираат за своите животни приказни и да споделат искуство. Овие приказни и искуства ќе ги инспирираат девојките кои се на прагот за избор на своја кариера, оние кои сакаат да направат напредок во технологија, но и сите останати жени и девојки преку промоција на инклузивност на работното место, појаснуваат организаторите.

Конференцијата е дел од Програмата „Повеќе девојки во технологија“ која допринесува за поттикнување на младите во креирање идеи од областа на информатичката технологија и во нивно поттикнување активно да учествуваат во општеството. Конференцијата е поддржана од Град Скопје рамки на повикот за финансирање на програми и проекти за младите од интерес на Град Скопје за 2020 година. бк/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Во мое присуство се распрашуваа дали ќе има полициска рација сведочеше Наунова

Продолжува ремедијацијата на депонијата ОХИС со нови 12 милиони евра

Во среда дневните температури под нулата