Утрински Весник
Македонија

Oд утре влажен бран и снежни врнежи

Oд утре влажен бран и снежни врнежи

Под влијание на влажен бран утре ќе има врнежи претежно од снег, вдолж Повардарието од дожд и снег, а на југоистокот претежно од дожд, информираат од УХМР.

Пообилни врнежи ќе има во северозападните делови. На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините ќе се зголеми. Во северните и западните делови се очекува да наврнат од 5 до 10 см снег, а на северозапад и над 15 см нов снег.

Од среда следува период на стабилно време, во четврток со засилен северен ветер.

Можете да прочитате

Став на Партијата на пензионери за цените на лековите и кризата со енергенси

СОС Детско село: 25 години менуваме животи

Мицкоски: Владата не размислува за отворање на Уставот, политичките услови за тоа не се исполенти