Утрински Весник
Македонија

Oд утре без сертификати на летните тераси во кафулињата

Oд утре без сертификати на летните тераси во кафулињата

Владата на денешната седница донесе одлука да се укине мерката за задолжително поседување сертификат за примени две дози на вакцина против Ковид-19 или за прележан Ковид во последните 180 дена, сметајќи од денот на оздравувањето за посета на угостителски објекти на отворено.

За затворените делови останува обврската за задолжително поседување на сертификатите за вакцинација или за прележаност.

Владата денеска донесе повеќе одлуки за ублажување на мерките против ковид, меѓу кои и укинување на обврската за носење заштитни маски за учениците во основните училишта, а студентите ќе се вратат на факултетите со физичко присуство. Една од мерките е и максималната исполнетост на капацитетот на отворен и затворен простор од досегашниот најмногу до 50, да се зголеми на најмногу до 75 отсто, со задолжително носење на заштитни маски за културни настани: театри, кина, филхармонија, како и семинари, обуки, состаноци, конференции и слично.

Можете да прочитате

МВР апелира за фер и спортско навивање, а било какви навреди ќе бидат најстрого санкционирани

Започна дводневната обука на кандидатите за пожарникари – дел од нив наредната недела ќе бидат вклучени во гаснење на пожари со помал ризик

Јаневска: Ќе го решаваме проблемот со Сеизмолошката опсерваторија, тој е ургентен и многу значаен