Утрински Весник
Свет

(Oд минута во минута) Прв прекин на огнот од почетокот на руската агресија, Мариупол се евакуира, светот загрижен за нуклеарната безбедност

(Oд минута во минута) Прв прекин на огнот од почетокот на руската агресија, Мариупол се евакуира, светот загрижен за нуклеарната безбедност

Украинскиот претседател Володимир Зеленски остро го критикуваше НАТО дека не воведува зона на забранети летови над Украина. Зеленски го обвини НАТО дека „дава зелено светло за натамошно бомбардирање на украинските градови и села“.

Американскиот амбасадор во ОН тврди дека руските сили се на околу 30 километри од втората по големина нуклеарна централа Јужнокраинск.

Русија за само неколку часа ги затвори Твитер, Фејсбук и Јутјуб на своја територија, а се’ повеќе големи светски компании ги затвораат своите бизниси во Русија и ги прекинуваат сите деловни односи со таа земја.

Клучни настани:

  • Русија најави прекин на огнот во Мариупол за цивилите да го напуштат градот
  • Викендов трета рунда разговори меѓу Русија и Украина
  • Руската војска се приближува до втората по големина нуклеарна централа во Украина, изјави американскиот амбасадор
  • Зеленски остро го осуди НАТО затоа што не воведе зона на забранети летови над Украина
  • Шефот на американската дипломатија вели дека ваквата одлука може да доведе до целосна војна во Европа. НАТО не ја разгледува таа опција.
  • Путин вели дека е подготвен за разговори за ставање крај на инвазијата, но само доколку се исполнат сите негови барања

Најнови вести:

10:27 Експерт за миграција: Европа може да очекува 10 милиони украински бегалци

„Една четвртина од Украинците е еквивалентно на десет милиони луѓе“, објасни Кнаус. Со оглед на моменталната динамика на војната, тоа е сосема можно, додаде тој.

10:10 60.000 Украинци дошле од странство да помогнат во борбата

Украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников изјави дека 66.224 Украинци се вратиле од странство

10:00 ВИДЕО Британски новинар ранет во близина на Киев

Главниот дописник на британски „Скај њуз“ од украинската криза, Стјуарт Ремзи, бил застрелан во долниот дел на грбот додека во понеделникот било пукано врз автомобилот што ја превезувал неговата екипа во Киев.

09:53 Жителите на Мариупол го напуштаат градот

„Во услови на постојано, безмилосно гранатирање од страна на окупаторите, нема друг избор освен да им се даде на жителите можност безбедно да го напуштат Мариупол“, рече градоначалникот.

09:34 Отворањето на хуманитарниот коридор е нов почеток

Градоначалникот на Мариупол, град во источна Украина, Вадим Бојченко, изјави дека отворањето на хуманитарниот коридор и прекинот на огнот во тој град ќе овозможи почеток на нова инфраструктура – струја, вода и мобилни комуникации.

„Ќе може да се обезбеди и основна храна и лекови“, напиша Бојченко на Телеграм.

09:29 Маск одби да ги блокира руските извори на информации

„Нема да го направиме тоа освен ако не сме на мета. Извинете што сме апсолутни поддржувачи на слободата на говорот“, напиша Маск на својот Твитер профил, пренесува Ројтерс.

09:18 Викендов трета рунда разговори меѓу Русија и Украина

Путин го повторил ставот дека е подготвен да разговара за крај на воените дејствија во Украина, доколку се исполнат неговите услови.

09:10 Амбасадата на САД во Киев смета дека нападот врз нуклеарната централа во Запорожје е воено злостоство

Рускиот напад врз украинската нуклеарна централа во Запорожје според американската Амбасада во Киев претставува воено злосторство.

„Нападот врз нуклеарната централа е воено злосторство. Гранатирањето на Путин кон најголемата нуклеарна централа во Европа неговото владеење со терор го насочува уште еден чекор понатаму”, се наведува во соопштението на американската Амбасада во Киев.

08:59 Русија најави прекин на огнот во Мариупол за цивилите да го напуштат градот

Руските медиуми јавуваат дека руската армија утрово во 10 часот по московско време ќе престане да пука за да овозможи евакуација на граѓаните од Мариупол и Волноваха.

„Војниците ќе престанат да пукаат во 10 часот по московско време за да овозможат хуманитарни коридори од Мариупол и Волноваха. Ќе биде воспоставен „режим на молчење“ за цивилите да можат да ги напуштат двата града“, се вели во соопштението на руското министерство.

08:40 (Видео) Напад со хеликоптери во Мариупол

Би-Би-Си пренесе видео за кое тврди дека е автентично и го прикажува нападот на руски хеликоптери врз Мариупол, украинскиот пристанишен град кој е под опсада во четвртокот.

Градските власти претходно предупредија на хуманитарна криза, поради прекин на снабдувањето со електрична енергија и вода во градот.

08:30 Сингапур наметнува санкции кон Русија

Сингапур воведува санкции кон Русија. Ќе им наметне контрола на извозот и ќе таргетира одредени руски банки. Ќе воведе ограничувања за трансакциите со криптовалути и ќе им забрани на финансиските институции да обезбедуваат услуги кои би можеле да и помогнат на централната банка на Русија.

08:20 Блинкен: Украина може да ја победи Русија

Американскиот државен секретар Антони Блинкен изјави за Би-Би-Си дека е убеден дека Украина може да победи во војната против Русија.

Тој не можеше да процени колку долго би можел да трае конфликтот, но инсистираше на тоа дека поразот на Русија е можен.

„Оваа издржливост на украинскиот народ е неверојатна. Доколку Москва се обиде да ја собори украинската влада и да воспостави марионетски режим, 45 милиони Украинци ќе одбијат на еден или друг начин. Текот на нападот досега не се одвиваше како што планираше Путин. “, рече Блинкен.

08:10 Мариупол трет ден под опсада

Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко, повика на хуманитарен коридор поради тековната блокада на градот и, како што ги нарече, „немилосрдните напади“ од руските војници.

Пристанишниот град Украина е под опсада од четвртокот, а Бојченко веќе предупреди на хуманитарна катастрофа.

Во градот живеат околу 450.000 луѓе, а снабдувањето со струја и вода е прекинато поради силно гранатирање.

Едно од најголемите пристаништа во Украина, Мариупол е стратешки важно бидејќи неговото контролирање ќе создаде копнен коридор меѓу Крим и регионите Луганск и Доњецк.

08:00 Трае бомбардирањето на Чернихив

Руските сили го бомбардираат Чернихив, во кој во последните денови загинаа 47 лица.

Можете да прочитате

Орбан: За мир во Украина потребна е средба меѓу Путин и Трамп

Амнести Интернешнл: Израелскиот предлог за „хуманитарен град“ е намера за воени злосторства

Нојман: Употребата на дронови во војната во Украина „не е пример“ за воздушните способности на НАТО