Утрински Весник
Свет

(Oд минута во минута) Договорен нов прекин на огнот во Мариупол, наскоро треба да почне евакуацијата на цивилите

(Oд минута во минута) Договорен нов прекин на огнот во Мариупол, наскоро треба да почне евакуацијата на цивилите

Единаесетти ден на руската инвазија на Украина

Клучни настани:

  • Цивилите ќе можат да се евакуираат по договорена рута од 12 часот по локално време
  • Русите срамнија со земја украинска фабрика за тенкови
  • Неименуван извор тврди дека Украина се приближува до создавање на нуклеарна „валкана бомба“, темелена на плутониум
  • Украина објави дека преговарачот Киреев загинал во специјална задача, негирајќи ги инормациите дека бил убиен оти бил руски шпион
  • Британскиот премиер Борис Џонсон ги повика лидерите на државите да се приклучат кон неговиот план од шест точки како одговор на руската инвазија
  • СЗО објави дека во Украина биле нападнати неколку болници

Развојот на настаните следете го на Макфакс:

09:30 Договорен е нов прекин на огнот во Мариупол

Цивилите ќе можат да го евакуираат градот по договорена рута од 12 часот по локално време. Сличен план беше објавен вчера, но набрзо пропадна поради бомбардирање.

09:20 Русија обвинува дека Украина подготвува нуклеарна бомба

Неименуван извор тврди дека Украина се приближува до создавање на нуклеарна „валкана бомба“, темелена на плутониум.

Веста ја пренесоа неколку руски медиуми, иако изворот не наведува докази за ваквото тврдење.

09:15 Украина тврди дека преговарачот Киреев загинал во специјална задача

Претходно медиумите јавија дека безбедносната служба на Украина го убила членот на својата делегација во преговорите бидејќи е руски шпион.

09:10 Џонсон претстави план за одговор на руската инвазија на Украина

Британскиот премиер Борис Џонсон ги повика лидерите на државите да се приклучат кон неговиот план од шест точки како одговор на руската инвазија на Украина, кој предвидува хуманитарна поддршка за Украина, како и нанесување на најголема можна економска штета на Москва, пренесе Ројтерс.

09:05 Путин нареди да се состави список на земји кои и’ наметнаа санкции на Русија

Рускиот претседател Владимир Путин вчера и’ нареди на владата да состави список на земји кои ја санкционираа Русија.

09.00 СЗО: Нападнати неколку болници во Украина

„Нападите врз здравствените установи или работници ја нарушуваат медицинската неутралност и претставуваат кршење на меѓународното хуманитарно право“,

08:40 (Видео) Русите срамнија со земја украинска фабрика за тенкови

На околу 140 километри од Киев е Житомир, а има и украинска фабрика за тенкови. На видеото кое го пренесе Си-Ен-Ен, кое вчера беше објавено на социјалните мрежи, се гледа како дел од фабриката за тенкови е срамнет со земја по нападот на руските сили.

08:20 Украинската војска објави извештај: Ги браниме Чернихив и Мариупол

Украинската војска го објави својот оперативен извештај, во 6 часот по локално време, истакнувајќи дека нејзините сили водат жестоки битки за одржување на одредени граници. Во тек е одбранбена операција во источниот дел на оперативната област Доњецк, а напорите се насочени кон одбрана на градот Мариупол, соопшти војската.

 08:00 Зеленски разговараше со Бајден

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека разговарал со американскиот претседател Џо Бајден за безбедноста, финансиската поддршка за Украина и продолжувањето на санкциите против Русија.

„Како дел од постојаниот дијалог, имав уште еден разговор со претседателот“, објави Зеленски на Твитер.

Можете да прочитате

Словенија прогласи двајца израелски министри за персона нон грата

Во Велика Британија на избори ќе се гласа со наполнети 16 години

Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори