Утрински Весник
Македонија

Oбвинение за 70-годишен маж, кој се обидел да силува 10-годишно девојче во Скопје

Oбвинение за 70-годишен маж, кој се обидел да силува 10-годишно девојче во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 70 години, кое се товари за кривично дело – Полов напад врз дете Помало од 14 години.

„ Обвинетиот, на 7 октомври, на улицата „Индира Ганди“ во Скопје, се обидел да изврши полово дејствие врз 10-годишно девојче. Во тој момент бил забележан од друго лице, кое го турнало обвинетиот на земја, па тој веднаш избегал од местото.

По настанот, лицето извесен период не беше достапно на органите на прогонот, но на 29 октомври бил уапсен и започнал да ја издржува определената мерка притвор од судијата на претходна постапка. Со обвинителниот акт, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе и предлог за продолжување на притворската мерка поради опасност од бегство и можност да го повтори делото кое му се става на товар.​​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Со автомобил му ги прегазил стапалата по претходна расправија – тројца приведени во Зелениково

Словенка со туѓа картичка направила 47 интернет-трансакции од речиси 100 илјади денари

Ангелов: Вчерашниот ден најтежок со 52 пожари на отворен простор, најголем предизвик се Студеничани и Македонски Брод