Утрински Весник
Спорт

Нула во дербито Шкендија-Шкупи, Струга 8/8

Струга ја продолжи победничката серија од стартот на сезона. По осум кола Струга има максимален број на бодови. На домашен терен лидерот на табелата славеше со 2:0 против Тиквеш.

dobivaj vesti na viber

Дербито на колото, се одигра во Тетово. Пресметката помеѓу Шкендија и Шкупи заврши без голови. Победата на Шкендија, на чија клупа се врати Османи, ја спречи голманот на Шкупи Наумовски со неколку брилијантни интервенции.

Македонија ЃП со спектакуларниот гол на Стојкоскипобеди во Струмица, кај Академија Пандев. Со ист резултат, Работнички славеше над Победа. Победникот го реши голот на Рушчевиќ во 30. минута.

Резултати 8.коло:

Струга-Тиквеш 2:0 (Ибраими 9’, Илиески 88’ )
Шкендија-Шкупи 0:0
Работнички-Победа 1:0 (Рушевиќ 30’)
Академија Пандев-Македонија ЃП 0:1 (Стојкоски 10’)

Недела:

Скопје-Брегалница

Табела: 1. Струга 24, 2. Силекс 14, 3. Шкендија 12, 4. Шкупи 11, 5. Брегалница 10, 6. Тиквеш 10, 7. Македонија ЃП 8, 8. Академија Пандев 7, 9. Работнички 7, 10. Победа 4, 11. Скопје 3.

Фото/facebook.com/fcshkendija

Можете да прочитате

Беќири: Не заслуживме висок пораз

Македонските кошаркари со дуелот против Луксембург ги продолжуваат натпреварите за Евробаскетот 2029

Силекс полуфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија