Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Нухиу: Почнува процес на измени на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности

Нухиу: Почнува процес на измени на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности
Img 7972

Заменик-министерот за правда Агим Нухиу го најави почетокот на процесот на измени на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности.

dobivaj vesti na viber

При изработка на новото законско решение, како што рече тој, ќе бидат земени предвид искуствата на земјите во регионот и во ЕУ.

Измените имаат за цел да ја поедностават административната постапка за даночни олеснувања, подобрување на дефинициите на клучните термини и терминологијата.

„Како министерство за правда сме отворени за соработка со граѓанските организации со цел да се направи едно добро законско решение кое ќе биде од корист на сите. До Министерството за правда преку јавен повик објавен на веб-страницата, сите заинтересирани субјекти може да дадат коментари и предлози за ЗДСЈД кои ќе бидат земени предвид од страна на работната група во насока на изработка на едно квалитетно, ефикасно и одржливо законско решение”, рече во своето обраќање заменик-министерот за правда, Агим Нухиу.

Можете да прочитате

Мицкоски ги повика кумановци да гласаат за Максим Димитриевски

37 обвинети, 33 адвокати и 250 оштетени судењето за „Пулс“ ќе биде правен маратон

Забрчанец: Дали Мицкоски се правда или бара мандат кој ќе трае со децении?