Утрински Весник
Македонија

НСДП е спремна да поддржи влез на ВМРО-ДПМНЕ во владата откако во Собранието ќе се изгласаат уставните измени

НСДП е спремна да поддржи влез на ВМРО-ДПМНЕ во владата откако во Собранието  ќе се изгласаат уставните измени
Dik 300x250 mk

НСДП го поздравува одржувањето на лидерската средба во насока на политичкото обединување на кое повикавме пред две недели и кое е неопходно за да се загарантира европската иднина на државата.

dobivaj vesti na viber

„Го поздравуваме прогресот во ставот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за прифаќање на уставните измени, кој процес треба веднаш да се започне во Собранието“, истакнуваат од оваа партија.

НСДП, како што стои во образложението, е спремна со своите пратеници да поддржи влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата со цел остварување на највисокиот стратешки државен интерес-членство во Европската Унија, откако во Собранието заеднички ќе изгласаме прифаќање на Иницијативата за уставните измени.

За НСДП македонскиот јазик и македонскиот идентитет се загарантирани и заштитени со усвојувањето на преговарачката рамка и нема простор за загриженост, тие, како што појаснуваат, се гарантирани од нашите стратешки партнери Европската Унија и САД.

Повикуваат на државнички пристап од сите политички актери, на разум и да не се дозволи државата да стагнира, туку како што велат потребна е одговорност и препознавање на политичкиот моментум за исчекор кон прогрес, реформи и општествен напредок кој го очекуваат граѓаните.

Можете да прочитате

Следуваат продор на нов ладен воздух од северозапад и нови врнежи од дожд

Хаким Рамадани си прави митинг во Челопек за време на изборен молк (ВИДЕО)

ДИК: Гласањето на болните и немоќните лица помина без неправилности, резултатите ќе се објават утре