Утрински Весник
Македонија

НП Шар Планина со апел: Донирајте јаболка и пченка за прихрана на мечките

Mecki.jpg

Националниот парк „Шар Планина“ бара донации за справување со мечките. Има се’ повеќе пријави на мечки забележани во близина на населените места околу Шар Планина, во регионот на Националниот парк. Според надлежните, овој феномен е резултат на недостатокот на природни извори на храна во областите што се нивни вообичаени живеалишта.

„За да го намалиме ризикот од несакани средби со луѓе и да помогнеме во обезбедувањето на здравјето и безбедноста на овие важни жители на нашата планина, започнуваме иницијатива за симболично хранење на мечките на оддалечени и безбедни локации, подалеку од населбите и планинските патеки. Бараме доброволни донации на локално одгледувани јаболка и пченка, со цел да се осигуриме дека храната е што е можно поблиска до природната исхрана на мечката (Ursus arctos), која е главно растителна, се вели во барањето на Националниот парк.


Дистрибуцијата на храна ќе ја врши Дирекцијата на Националниот парк, во соработка со волонтерската служба, во согласност со Програмата за заштита, раст и управување со дивиот свет (2023–2033), која препорачува симболична храна како метод за следење и заштита на дивиот свет.

Можете да прочитате

Јаневска: Не ми треба преведувач за во Тетово, во Македонија се знае македонски

Савески најави средба со обвинителите во предметот за Кочани

„Најригорозна, но и најскапа мерка“: Новиот државен обвинител ќе бара од колегите поретко да се решаваат за затворски притвор