Рускиот претседател Владимир Путин им се обрати на граѓаните по повод Новата година.
Путин ја нарече 2022 година година на клучни настани, истакнувајќи дека тие ги поставуваат темелите за иднината на Русија и на целиот свет.
„Но, нашата мултиетничка нација, како што беше во сите тешки епохи на руската историја, покажа храброст и достоинство. Со збор и дело ги поддржа бранителите на татковината. Нашите војници и офицери. Сите учесници во специјалната воена операција“ – изјави тој.
Тој посочи дека вистината е на страната на Русија и дека таа го штити својот народ на своите историски територии.
„Заедно градиме. И создаваме. Главната работа е судбината на Русија. Одбраната на татковината е наша света должност кон нашите предци и потомци. ги поддржуваше неонацистите и се подготвуваше за агресија „Сега тие отворено зборуваат за тоа, а народот на Украина се користи за да ја поделат и ослабат нашата земја. Никогаш никому не сме дозволиле и нема да дозволиме никому да го направи тоа“ – рече Путин.
Претседателот на Русија во своето обраќање им се заблагодари на оние кои учествуваат, како што рече, во специјалната операција во Украина. Им се заблагодари и за храброста. Путин изрази уверување дека Русија ќе ги надмине тешкотиите и ќе остане голема и независна.
„Отсекогаш знаевме, а денес уште еднаш сме убедени дека суверената, независна, сигурна иднина на Русија зависи само од нас. Од нашата сила и волја“, заклучи рускиот претседател.