Утрински Весник
Балкан

Новогодишен дебакл: Колапс на дрон-шоуто во Будва

Img 5302.jpeg

Иако беше најавена како невиден спектакл на овие простори, новогодишната претстава со дронови што требаше да се одржи точно на полноќ во Будва заврши неславно. За време на настапот, околу 600 дронови почнале неконтролирано да паѓаат во морето и на платото пред Капетанија, пред очите на голем број собрани граѓани.

За среќа, според официјалните информации, во инцидентот нема повредени лица. Будванската полиција за црногорскиот портал „Вијести“ потврди дека веднаш по настанот е спроведена истрага, а за случајот е известено и Основното државно обвинителство во Котор.

Како што наведуваат надлежните, за време на претставата се појавил технички проблем, по што дроновите изгубиле контрола и почнале да паѓаат. Сепак, според пишувањето на порталот Pobjeda.me, не е исклучена ниту можноста падот да бил намерно предизвикан, што дополнително ја засилува сериозноста на случајот.

Инаку, на новогодишната претстава со дронови ѝ претходеше огномет, а целиот настан беше дел од официјалната програма за дочек на Новата година во Будва. Истрагата за причините за инцидентот е во тек.

Можете да прочитате

Вучиќ: Цел месец зборам дека САД ќе го нападне Иран, ако ова продолжи, нè чека пекол

Иран најавува можен напад врз базата на МЕК во Албанија

Српските државјани се евакуираат од Израел преку Египет