Утрински Весник
Скопје

Ново урбано јадро добива населбата Радишани

Image 2026 01 22 124107652.png

Ново урбано јадро со плоштад, парк и пешачка зона ќе добие населбата Радишани. За реализација ќе бидат одвоени 20.003.060 денари обезбедени преку Министерството за транспорт.

– Проектот „Изградба на јавна површина со плоштад и пешачка патека“ во населбата Радишани, Општина Бутел, опфаќа уредување и трансформација на простор со површина поголема од 10.000 метри квадратни во современ, функционален и зелено уреден јавен простор. Со реализацијата на проектот се создава ново урбано јадро кое ги обединува функциите на плоштад, парк и пешачка зона, наменето за секојдневно користење од сите генерации, објави премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук.

Во рамки на проектот, како што посочува, е предвидено поплочување на јавните површини со квалитетни материјали, изградба на пешачки патеки, хортикултурно уредување со зелени површини, како и поставување урбана опрема, осветлување и содржини за одмор, рекреација и социјална интеракција.

Можете да прочитате

Две угинати кучиња во Кисела Вода, сомнеж за намерно труење

Традиционален планинарски марш на Водно за Денот на европското знаме

Утре, традиционален планинарски марш на Водно