Утрински Весник
Свет

Ново пукање во близина на Доналд Трамп!

Tramp 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Тајната служба одговорила на пукање пред голф-клубот на Доналд Трамп во Вест Палм Бич, Флорида, oбјави Си-Ен-Ен!

Како што соопштија тој е безбеден по пукањето во негова близина.

„Засега немаме повеќе детали“, изјави Стивен Чеунг, директор за комуникации на кампањата на Трамп.

Според информациите, поранешниот претседател и кандидат на Републиканската партија играл голф во својот голф клуб за време на пукањето. Веднаш сè било заклучено и обезбедено, изјави изворот на Си-Ен-Ен.

Потсетуваме, Доналд Трамп беше ранет во средината на јули откако беше застрелан од Томас Метју Крукс. Во тој инцидент Трамп беше погоден во увото.

Можете да прочитате

Естонија: Руски граничари влегоа на наша територија

Рим размислува за влезница од две евра за Фонтаната Треви

Мелони: Најголемиот непријател на ЕУ е сопствената неодлучност