Утрински Весник
Свет

Ново предизборно ветување на Киличдароглу: Ако победам, ќе ги протерам сите бегалци

Ново предизборно ветување на Киличдароглу: Ако победам, ќе ги протерам сите бегалци

Ако победам на изборите, ќе ги протерам сите бегалци, изјави противкандидатот на Ердоган на претседателските избори и негови главен ривал, Кемал Киличдароглу, пренесува турскиот весник „БирЃун“.

dobivaj vesti na viber

„Ердоган, ти не ги заштити границите и честа на државата. Донесовте повеќе од 10 милиони бегалци. Тоа не беше доволно, па продававте турски државјанства за да добиете увезени гласови! Ги направивте нашите граѓани бегалци,“ обвини Киличдароглу на конференцијата во Анкара.

Тој предупреди дека „ако остане сегашната влада, во Турција ќе се слеат повеќе од десет милиони нови бегалци. Доларот ќе порасне на 30 лири (сега доларот се менува за 19,7 турски лири)“.

Според него, ако на власт останат Ердоган и АКП, турските градови ќе бидат под контрола на бегалците и на мафијашките банди.

„Ако тие останат, убиствата на жените ќе продолжат да се зголемуваат. Ако тие останат, мафијата ќе стане партнер на власта што го убива нашиот народ. Тие ќе управуваат со земјата правејќи отстапки пред терористите. Ќе внесат терористи од сите калибри во земјата и во парламентот. Ова никогаш нема да го дозволиме,“ истакна Киличдароглу.

Тој претходно изјави дека, ако победи на изборите, ќе ги продолжи преговорите за влез на земјата во Европската Унија.

Да потсетиме, Киличдароглу нагласи дека нема намера да му ја предаде земјата на актуелниот лидер Реџеп Таип Ердоган, нарекувајќи го лажго ориентиран кон Русија. Тој додаде дека нема намера да попушти пред Ердоган во вториот круг од изборите.

Турската Изборна комисија официјално соопшти дека вториот круг од претседателските избори ќе се одржи на 28 мај.

Според прелиминарните резултати од првиот изборен круг, актуелниот претседател Ердоган освоил 49,51 отсто од гласовите, неговиот противкандидат Кемал Киличдароглу 44,8 отсто од гласовите, додека Синан Оган освоил 5,17 отсто од гласовите.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk