Утрински Весник
Македонија

Ново намалување на цените на горивата од полноќ

Gorivo1.jpg

Цената на дизелот од утре се намалува за 0,5 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Така цената на ЕУРОДИЗЕЛ од утре ќе изнесува 64 денари.


Цената на ЕУРОСУПЕР 95 останува непроменена ќе се продава по цена од 71,5 денари по литар. Пад на цената има и на ЕУРОСУПЕР 98+, па од утре ќе се продава по 73,5 денари по литар, што е поевтинување за 0,5 денари.

Поевтинува и цената на екстралесното масло за домаќинство за 0,5 денари, и од утре ќе се продава по 64 денари, додека мазутот поевтинува за 0,7 денари и ќе се продава по цена од 37 денари.

Можете да прочитате

СДСМ: Во време на СДСМ 30 милијарди за субвенции, во време на ВМРО само 15 милијарди – Мицкоски повторно лаже 

Јавна расправа за Предлог-законите за судска служба и за јавнообвинителска служба

20-годишникот кој се удави вчера во Струга бил со педалинка во езерото