Утрински Весник
Свет

Новиот американски амбасадор во НАТО, Витакер ја потврди посветеноста на неговата земја кон НАТО и членот 5 од Вашингтонскиот договор

20250403105448 big 730x400 3.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Новиот постојан претставник на САД во НАТО, амбасадорот Метју Витакер, ја потврди целосната посветеност на неговата земја кон НАТО и членот 5 од Вашингтонскиот договор. Ова се наведува во соопштението на американската делегација во НАТО по повод денешното инаугурирање на амбасадорот.

„Подготвен сум веднаш да почнам со работа и со нетрпение очекувам да и помогнам на Алијансата да ги направи потребните трајни промени“, рече амбасадорот во изјавата.


Витакер додаде дека главните задачи на неговата работа ќе бидат промовирање мир и стабилност преку сила, споделување на товарот на активностите на пактот и зголемување на инвестициите во одбраната; поддршка за водечката улога на Европа во постигнувањето траен мир во Украина и обновување на земјата.

Одржливоста на НАТО се заснова на тоа секој сојузник да придонесе со правичен дел, нагласува амбасадорот.

Во соопштението се наведува дека Витакер бил јавен обвинител на САД од 2018 до 2019 година, бил началник во кабинетот на државниот обвинител Џеф Сешнс и бил јавен обвинител на Ајова од 2004 до 2009 година.

Можете да прочитате

Полицијата на Корзика уби маж кој се заканувал со нож

Брз патнички воз уби седум слонови на пруга во Индија

Либан: Првата фаза од разоружувањето на Хезболах завршува за „неколку дена“