Утрински Весник
Македонија

Новинарот Салиу пуштен на слобода од полициската станица во Автокоманда

Saliu.jpg

Новинарот на „ПорталиИкс“ Фуркан Салиу вечерва е пуштен на слобода од полициската станица во Автокоманда, откако поплaднето беше приведен за време на инцидент на фудбалски натпревар во скопското село Коњаре. По излегувањето од полицската станица во Автокоманда, Салиу порача: -Поради вашата поддршка и поддршката на овој народ што се собра тука сум ослободен. Во некоја различна ситуација сега ќе бараа притвор за мене, морам да кажам, без ниту еден доказ. Ме товарат дека сум нападнал полицаец, нека го докажат тоа и од утре не ме гледате веќе на екрани, не ме гледате нигде, ќе се извинам и ќе се тргнам. Нека докажат дека сум чепнал еден полицаец. Имаше таму полицајци кои снимаат, имаше камери од страна, нека докажат дека јас сум удрил полицаец, порача Салиу.

Можете да прочитате

Беџети: СМС-пораките од Собранието само на македонски јазик, албанскиот јазик не е декор

Уапсени двајца насилници, претепале 52-годишник од Охрид и му украле пари и накит

Кривична пријава за демнење во Тетово: 27-годишник следел и снимал девојка