Утрински Весник
Свет

Нови саботажи: возот од Амстердам мораше да застане поради скинат кабел, евакуирани 500 патници

Sa.jpg

Ноќниот воз од Амстердам до Париз мораше да застане поради скинат кабел а евакуирани се 500 патници, соопшти денеска железничката компанија „ПроРејл“.

Во текот на ноќта возот застанал на делот меѓу Арнхајм и Најмеген, пишува „NL Times“. Евакуацијата на патниците поминала без проблеми, а сите патници добиле ваучери за хотелите во кои ноќевале.

Компанијата „ProRail“ наведува дека хотелите во областа на градот Утрехт биле преполни, па 60 патници не можеле да најдат сместување.

Поради оваа причина, компанијата постави воз на централната железничка станица во тој град, каде патниците можеа да преноќат.

Дефектот е саниран во текот на ноќта, па од утрово железничкиот сообраќај на таа пруга се одвива нормално.

Можете да прочитате

Унгарски министер со години споделувал доверливи информации од ЕУ со Русија

Дали Јапонија ќе испрати воени бродови во Персискиот залив?

Либанскиот претседател ги осуди нападите врз земјата, стравува од инвазија