Утрински Весник
Македонија

Нови правила за пушење во кафеаните 

Cigari.webp.webp

Дозволено пушење цигари ќе има во простори, тераси кои ќе треба да бидат отворени од најмалку две страни.Првичниот предлог закон кој предвидуваше најмалку отворени три страни во просторот, има измени по последната средба меѓу угостителите и претставниците на Владата.

Оваа одлука доаѓа откако институциите утврдиле дека голем дел од објектите немаат техничка можност да ги отворат терасите од три страни. Сепак, забраната за пушење во затворените делови на објектите останува целосна и категорична.


„Во деловните простори, во внатрешноста, нема да се пушат цигари, ’ајкос’ или ’вејп’. На терасите ќе продолжи да се пуши, со обврска да ги приспособиме на новиот закон – да бидат отворени од минимум две страни и заградени до висина од 1,40 метри поради безбедност и природно проветрување“, изјави Перица Голомеиќ, претседател на Туристичко-угостителската комора.

Иако угостителите бараа одложена примена од три години, извесно е дека ќе добијат рок од најмногу една година по стапувањето на сила на законот за да ги приспособат своите објекти.

Можете да прочитате

Изменет сообраќаен режим на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци, клучка Петровец и клучка Аеродром

Калајџиев за „Безбеден град“: Шансата да прегазам некого сега кога зјапам во брзинометарот се поголеми од порано

Груби е во добра здравствена кондиција и е сместен со уште еден притвореник