Утрински Весник
Економија

Нови најави за инвестиции од Битиќи: Да не бидам песимистичен, септември ќе го завршиме со 2,3 милијарди евра во енергетиката

Битиќи од Брисел: Ги унапредуваме потрошувачките права и јавното здравје на граѓаните

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи за наесен најави завршување на преговорите за неколку големи инвестициски проекти во енергетиката со вкупна вредност од 2,3 милијарди евра. Тој посочи: „Со Чебрен сме многу биску да го затвориме процесот и инвестицијата отприлика е една милијарда евра“.

dobivaj vesti na viber

„Да не бидам преоптимистичен, но заедно со таа една милијарда евра од Чебрен, септември ќе го завршиме со 2,3 милијарди евра во енергетиката, рече Битиќи.

Битиќи додаде дека минатата година во државата имаше 753 милиони евра странски директни инвестиции, што наназад во изминатите 11 години е највисоко ниво и тоа во кризна година.

Го стимулираме развојот, исплатени се 23 милиони евра субвенции кон домашни компании, кои имаа 150 милиони евра инвестициски циклус во производство, истакна Битиќи, нагласувајќи дека не е зголемена трговијата, туку производството.

Можете да прочитате

Бараа 10, но се согласија на 8% зголемување на платите, УПОЗ и Владата си подадоа рака

Филипче со предлог решение како до 600 евра минимална плата

Мицкоски денеска на средба со УПОЗ и КСС