Алексеј Навални веројатно бил убиен со удар во срцето, техника која некогаш ја учеле оперативците на КБГ. Пред смртта на Наваљни (47) го принудиле да помине повеќе од два и пол часа на отворено, каде температурите би можеле да паднат до -27 степени.
Овие тврдења ги изнел Владимир Осечкин, основачот на групата за човекови права Gulagu.net, кој за Тајмс изјави дека модринките пронајдени на телото на Навални личат на оние што би се појавиле доколку во убиството се користела техниката „еден удар“.
Осечкин се повикува на извор кој работи во арктичката казнена колонија каде што почина Навални.
Затворениците обично не биле држени повеќе од еден час на отворено во арктичката казнена колонија, поради екстремно ниските температури.
„Мислам дека прво му го уништија телото со тоа што го држеле на студ долго време и му ја забавиле циркулацијата на крвта на минимум. А потоа станува многу лесно да се убие некого во рок од неколку секунди, ако оперативецот има одредено искуство во користење на стариот метод на КГБ- на овие специјални единици. Тие ги обучуваа своите оперативци да убијат човек со еден удар во срцето, во центарот на телото. Тоа беше заштитен знак на КГБ“, рече Осечкин.
Тој додаде дека поранешните затвореници, кои отслужувале казна во регионот на Арктикот, претходно пријавиле дека некои затвореници биле убиени од стражарите на овој начин.
Јулија Навали во понеделникот рече дека нејзиниот сопруг бил убиен со помош на новичок, нервен агенс со кој атентаторите се обиделе да го убијат во август 2020 година.
Во 2011 година, Осечкин го основаше Gulagu.net, што во превод значи „Не Гулаг“. Користејќи ги информациите што ги добил од широка мрежа на затвореници и затворски службеници, тој стана водечки авторитет за кршење на човековите права во руските затвори.
Минатата недела беше објавен извештај во кој се наведува дека офицерите на ФСБ го посетиле затворот два дена пред смртта на Навални и исклучиле некои безбедносни камери и уреди за слушање.
Осечкин рече дека присуството на агенти на ФСБ во затворот е доказ дека смртта на Навални била нарачана од Кремљ.
„Како што знам од мои извори, тоа беше специјална акција која беше подготвена неколку дена однапред. Тоа беше наредба од Москва“, изјави тој.