Утрински Весник
Скопје

Нови еколошки автобуси во Скопје – Николоски најави тендер за 120 возила

Whatsapp image 2025 05 08 at 10.12.10.jpeg

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, најави дека првата линија од долгоочекуваниот проект „Градски воз“ ќе биде пуштена во функција до крајот на оваа година. Линијата ќе ги поврзува Зелениково, Драчево, Кисела Вода, Аеродром и Центар (Новата железничка станица), што, според него, претставува почеток на револуционерно подобрување на јавниот превоз во Скопје.

„На владина седница ја разгледавме реализацијата на проектот ‘градски воз’. Заврши физибилити студијата за целиот прстен. Потребни се околу 50 милиони евра. Дел од тие средства се веќе обезбедени во годинашниот буџет, а ЈП Железници инфраструктура за максимум еден месец ќе објави тендер за изградба и рехабилитација на најголемиот дел од инфраструктурата“, изјави Николоски.


Според него, првата траса – од Зелениково преку Драчево, границата меѓу Аеродром и Кисела Вода, до Центар – ќе биде завршена до крајот на 2025 година. Паралелно ќе се работи и на развој на другите два предвидени градски железнички прстени.

Дополнително, Николоски информираше дека во финална фаза е подготовката на тендер за набавка на 120 нови еколошки електрични автобуси, од кои 80 ќе бидат наменети за Град Скопје. Оваа набавка е на барање на општините и Градот, со цел модернизација на јавниот транспорт.

„Кога ќе ги споите градскиот воз и новите модерни автобуси, јавниот превоз ќе биде на многу попристојно ниво од ова што е сега. Очекувам резултатите да бидат видливи до крајот на оваа и почетокот на следната година“, истакна Николоски.

Можете да прочитате

Делови од Аеродром, Карпош и Сарај денеска без струја

Вода протекува од мостот кај хотелот Александар Палас – ВИДЕО

Арсовска доби Благодарница од скопските пожарникари