Утрински Весник
Македонија

Нови дождови доаѓаат во Македонија, ќе наврнат над 50 литри дожд

Meteoalarm.mk 30.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на серија на влажни воздушни бранови до сабота 6 Декември во Македонија времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои особено во западните  и во јужните предели повремено ќе бидат обилни и локално во овие предели ќе наврнат над 30 литри дожд, а локално и нови над 50 литри дожд. На планините над 1600/1700 метри надморска височина повремено врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и токму на овие планини ќе се формира снежна покривка.

И во Скопје  и околината за време на овој период ќе има повремени врнежи од дожд кои во делови од котлината повремено ќе бидат пообилни и ќе наврнат над 25 литри дожд.

За време на овој период ќе дува слаб до умерен ветер кој повремено ќе биде  и засилен на интензитет и најпрвин од југоисточен а потоа  од северен и од североисточен правец.

Што се однесува до температурите тие нема многу да се менуваат и наутро насекаде ќе бидат над нулата а преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени а во Скопје  и околината температурата ќе се искачува до околу или малку над 10 степени

Можете да прочитате

Тошковски: Не смееме да дозволиме насилството од домот да се пресели во училиштата

ВЛЕН: Извештајот на Европскиот парламент потврдува дека иднината на Северна Македонија е во Европската Унија

Зајкова: Доста со „шурење” на граѓаните – во државава мора да има социјална одговорност