Утрински Весник
Македонија

Нови дојави за бомби, денес мета се и основни училишта во Скопје

Нови дојави за бомби, денес мета се и основни училишта во Скопје

Дојави за подметнати бомби на електронски адреси утрово добиле неколку основни училишта во Скопје. Во тек е евакуација на учениците во основните училишта „Љубен Лапе“ и „Александар Македонски“, „Лазо Ангеловски“ и „Браќа Миладиновци“ во Аеродром, а се евакуираат и учениците од гимназијата „Георги Димитров“ во Тафталиџе.

dobivaj vesti na viber

„Утрово имаме пријави од училишта во Скопје. Подетални информации ќе имаме подоцна“, кусо велат од МВР.

Вчера дојави за бомби на електронските адреси добија 15 скопски училишта. Единицата за антитероризам, по проверките, утврди дека сите дојави се лажни.

Можете да прочитате

Сончево со мала локална облачност

Сменети 15 полициски раководители во Србија по заплената на марихуана од Македонија

Николоски: Новиот оператор „4iG“ во Македонија ќе ја користи сателитската мрежа на Илон Маск