Утрински Весник
Економија

Нови цени на горивата од полноќ

Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,23 % во однос на одлуката од 22.3.2023 година.

dobivaj vesti na viber

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,550 ден/кг и сега ќе изнесува 37,628 ден/кг.

Од 28.3.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 73,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 37,628 (денари/килограм)

Можете да прочитате

Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки

Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 58. сесија на Клубот на истражувачите

Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра