Утрински Весник
Економија

Нови цени на горивата

Нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,68 % во однос на одлуката од 26.12.2022 година.

dobivaj vesti na viber

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 5,153 %, кај дизелот 2,830 %, кај екстра-лесното масло 3,424 %  и кај мазутот 0,596 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,334 %.

Малопродажните цени на бензинот „евросупер БС-98“, „дизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 1,50 денар/л, а малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се зголемува 2,00 денара/л.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,062 денари/кг и изнесува 40,655 денари/кг.

Од 4.1.2023 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 79,00 (денари/литар)

Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 81,00 (денар/литар)

Дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 81,50 (денар/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 80,00 (денари/литар)

„Мазут М-1 НС“ – 40,655 (денари/килограм)

Можете да прочитате

Нова инвестиција на турската компанија „Чагатај Кабло“ во ТИРЗ Скопје, до 200 нови работни места

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот

ССКМ демантира дека Претседателот Ангеловски демантира дека е разрешен, обвинува за фалсификат