Утрински Весник
Македонија

Нови 44 случаи на голема кашлица, вкупната бројка на заболени достигна 597

Picture 528 660x500 1.jpg
Dik 300x250 mk

Од 10 до 16 мај пријавени се 44 нови случаи на голема кашлица во државава, со зголемување од трипати споредено со претходниот седмодневен период. Заклучно со 16 мај во државава се регистрирани вкупно 597 случаи на голема кашлица, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево. Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од новите 44 случаи, пријавени се во рамките на епидемијата во Скопје – 39, па четири случаи од Куманово и еден од Прилеп. Возраста на заболените се движи од три месеци до 77 години, а најголем број случаи се од возрасната група од пет до девет години. Од новите 44 случаи, пет се хоспитализирани. – Дистрибуцијата по пол покажува дека 283 лица се од машки пол, а 314 од женски, пишува во извештајот на ИЈЗ. Од Институтот потсетуваат дека во тек се две епидемии, пријавени во ниво на територијата на Скопје и на Куманово. Од 18 јануари до 16 мај, дадени се вкупно 47.982 дози вакцина што содржи компонента против голема кашлица.

Можете да прочитате

Блерим Беџети повеќе не е координатор на пратеничката група на ДУИ

Училиштата може да аплицираат за средства за реализација на активности за заштита од насилство, пороци, дискриминација, малолетничка деликвенција

Филипче: Владата на Мицкоски нема волја нештo да направи, реформите се целосно блокирани