Утрински Весник
Спорт

Новата кошаркарска сезона стартува на 8. октомври

Новата кошаркарска сезона стартува на 8. октомври
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Се е подготвено за старт на новата натпреварувачка сезона во најквалитетното натпреварување, Првата лига-мажи. На првата седница пред почетокот на новата натпреварувачка сезона, на која присуствуваше и раководството на федерацијата, претседателот Перо Антиќ, генералниот секретар Владимир Георгиевски, и спортскиот директор Марјан Србиновски, претставниците на Здружението на Прва лига-мажи, го утврдија системот за натпреварување за сезоната 2022/2023 и календарот за натпреварување.

dobivaj vesti na viber

Согласно со Бергер-системот, формирани се и двојките за првото натпреварувачко коло, кое според календарот е предвидено да се одигра на 8. октомври: Куманово 2009 – Чаир 2030, Академија ФМП – Кожув, Гостивар – Пелистер, Струмица – Еуро Никел 2005, ТФТ – МЗТ Скопје Аеродром, Работнички – Феникс 2010
На состанокот, претставниците на клубовите од Првата лига-мажи го избраа претставникот на КК Гостивар, Стојмир Дејаноски за нов претседател на Здружението на прволигашите.

Претставниците на прволигашките клубови се согласија и да има промена во времетраењето на преодниот рок, кој во претстојната натпреварувачка сезона ќе биде затворен заклучно со 1. март, а финансиските обврски кон федерацијата да бидат подмирени пред почетокот на новата сезона во прволигашкото натпреварување.

Можете да прочитате

Десетта победа за ТФТ во првенството

Специјализирани тестирања на олимписките стипендисти за Лос Анџелес 2028

Фудбалските менаџери заработија рекордни пари во 2025