Утрински Весник
Спорт

Новак Ѓоковиќ со историско петто финале во низа на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ со историско петто финале во низа на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ продолжува со својот лов на нова тениска историја, откако по петти пат едноподруго се пласираше во финалето на Вимблдон, победувајќи го младиот Италијанец Јаник Синер со 6:4/6:4/7:6(4) во првото полуфинале на „Ол Ингланд клубот“.

dobivaj vesti na viber

Српскиот тениски ас во недела ќе оди на своја осма титула од Вимблдон, со што ќе има една повеќе од својот поранешен ривал, Роџер Федерер, и на вкупно 24. гренд слем трофеј, со што ќе се израмни со Австралијката Маргарет Корт, и ќе биде на две пред Рафа Надал во машка конкуренција.

Во мечот за титула тој ќе се бори со подобриот од мечот помеѓу светскиот рекет број 1, Шпанецот Карлос Алкараз и рускиот ас, Данил Медведев.

На почетокот, во првиот гем Ѓоковиќ спаси две брејк топки во првиот гем, за потоа во следниот сам да направи брејк за 2:0 водство, кое го задржа до крајот на сетот. И во вториот сет, на Србинот му беше доволен еден брејк, овојпат на 2:1 за да го освои сетот, за во третиот да не успее да го сруши сервисот на Италијанецот. Синер имаше две сет-топки при 5:4, но не ги искористи, за потоа во тај-брејкот, Ѓоковиќ да покаже смиреност за комплетирање на победата за 2 часа и 49 минути игра.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност