Утрински Весник
Спорт

Новак Ѓоковиќ oпериран во Париз – го пропушта Вимблдон

Djokovic Dejvis Kup.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Новак Ѓоковиќ денеска во Париз го оперираше менискусот. Српскиот тенисер ја донесе оваа одлука со цел биде подготвен за Олимписките игри во Париз. Исто така јасно е дека Ѓоковиќ нема да учествува на Вимблдон. Според прогнозите Ѓоковиќ ќе биде отсутен три недели.

Новак, менискусот на десното колено го повреди на мечот против Франциско Серундоло на Ролан Гарос. И покрај повредата, Ѓоковиќ остана на теренот по четири часа и 39 минути голема борба го победи Аргентинецот, но ден потоа се повлече од Ролан Гарос.

Експресно донесе одлука да оди на операција кој се случи утрово во Париз, пренесува „Газета дело Спорт“.

Ова е втора операција на Ѓоковиќ во кариерата, по операцијата на лактот на почетокот на 2018 година.

Турнирот во тенис на Олимпските игри во Париз ќе започне на 27 јули.

Можете да прочитате

Десетта победа за ТФТ во првенството

Специјализирани тестирања на олимписките стипендисти за Лос Анџелес 2028

Фудбалските менаџери заработија рекордни пари во 2025