Утрински Весник
Свет

Нова терапија ја победи „неизлечивата“ леукемија кај деца и возрасни

Cancer.webp.webp

Револуционерна терапија што го уредува ДНК успеа да врати во живот пациенти со агресивни облици на рак на крвта, пренесува BBC. Првата пациентка, 16-годишната Алиса Тепли, е без знаци на болест и планира кариера во биомедицината.

Од 2022 година, уште осум деца и две возрасни лица се лекувани со овој метод, а кај 64% болеста влегла во ремисија, и покрај тоа што хемотерапијата и трансплантацијата претходно не им помогнале. Терапијата користи „живи лекови“ – модифицирани Т-клетки кои ја напаѓаат леукемијата без да го оштетат организмот.

Процесот трае неколку месеци и бара строг медицински надзор, а најголем ризик се инфекции додека имунолошкиот систем се обновува. Резултатите се охрабрувачки: кај девет од првите 11 пациенти болеста влегла во длабока ремисија. Лекарите велат дека терапијата е ризична, но кога успее, резултатите се извонредни, нудејќи надеж за многу пациенти со неизлечива леукемија.

Можете да прочитате

Мерц: Европа мора да стане понезависна од САД во безбедносната политика

Бурата „Брам“ предизвика хаос низ Британија

Трамп за Политико: Европејците се слаби, Русија има силна позиција во војната против Украина