Утрински Весник
Спорт

Нова сензација на Ју-ес опен, елиминиран Ѓоковиќ од Попирин

Screenshot 2024 08 31 083101.jpg

Новак Ѓоковиќ е елиминиран во третото коло на УС Опен од Алексеј Попирин, откако загуби по четири сета со 3-1 по сетови 6-4, 6-4, 2-6, 6-4.

По три и пол часа борба, Ѓоковиќ ја доживеа најраната елиминација на еден Грен слем турнир од 2017 година и Австралија Опен.

Во првиот сет Попирин стигна до брејк на крајот од сетот, а потоа веднаш го притисна Ѓоковиќ на стартот од вториот сет и некако навести во кој правец ќе оди овој меч.

Во петтиот гем од вториот сет стигна до решавачкиот брејк, благодарение на кој стигна до 2-0 во сетови.И покрај тоа што го доби третиот сет, играта на Новак не беше на посакуваното ниво.

Враќањето не вроди со плод и поразот беше неминовен. Ова е прв Грен слем од 2004 година каде во осминафиналето нема да играат Ѓоковиќ, Федерер или Надал.

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027