Министерот за здравство Арбен Таравари и заменик министерот Јовица Андовски денеска ќе ја посетат Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, каде во употреба ќе биде пуштена нова медицинска опрема.
Медицинската опрема е во вредност од милион евра, соопшти Министерството за здравство.