Утрински Весник
Магазин

Француските авантуристи покажаа солидарност и ја запознаа културата на Крива Паланка

Screenshot 2024 08 15 191802.png

Над 600 Французи, со околу 200 возила, дел од авантуристичкиот караван со “Пежо 205”, пристигнаа во Крива Паланка – единствената општина во Северна Македонија, домаќин на Europ’ Raid.

Во чест на нивната посета, се одржа културна размена со македонски фолклор и франкофонски хепенинг во дворот на ООУ “Св. Јоаким Крчовски”, а француските авантуристи  донираа училишна и спортска опрема, училишен прибор и спортски реквизити.

„Ја поздравувам уште еднаш иницијативата што прераснува во традиција – веќе четврти пат  нашиот град да биде единствен град – домаќин на ова несекојдневно, уникатно, авантуристичко здружување, со една мисија: солидарност и испраќање пораки за почит, разбирање и културна размена помеѓу луѓето. Францускиот  караван на возила ја носи универзалната порака од младите за младите – да се биде хуман, да се надминуваат границите и бариерите, да се трага по знаења и да му се радуваме на животот”, истакна градоначалникот на Крива Планка Сашко Митовски во своето обраќање пред гостите.

На настанот присуствуваа Даниел Меркез, прв секретар во Амбасадата на Франција, Бенжамин Леден и Жереми Бланден, претседатели и организатори на Ероп Ред и  Жулиет Бертран, одговорна за логистика на Ероп Ред, кои се заблагодарија на гостопримството, како и на професорката Елена Николовска која е најзаслужна за едукацијата и љубовта кон франкофонијата во општината. Благодарност за донираната опрема, пак изрази директорката на ООУ „Свети Јоаким Крчовски”,  Анита Стојковска.

Овој настан е значајна компонента од  мисијата на Europ’ Raid за меѓународна солидарност. Младите Французи минуваат низ 20 европски држави, вклучувајќи ја Македонија, со цел да се запознаат со различни култури и нации, а истовремено да споделуваат заеднички вредности. Преку јазикот што ги зближува и солидарноста, тие ја носат порака дека младите се носители на подобро утре.

Културните активности и пречекот на француските авантуристи годинава се дел од  Кривопаланечко културно лето, што потврдува дека Крива Паланка е вистински “Град на културата”.

Можете да прочитате

Истражување покажа дека марихуаната предизвикува поголема штета на белите дробови отколку тутунот

Не можете да стоите на една нога? Тоа може да биде знак за нарушено здравје

Како да препознаеме вистински добра личност?